ЗА НАС
Recycle.mk
Платформа за управување, мониторинг и дигитализација на различни текови на отпад во Македонија.
01 Профил
За recycle.mk
Проектот Recycle.mk е инициран во текот на 2023 година, а неговата финална имплементација и почеток со работа е на 23 Мај 2026 година, и истиот претставува заеднички проект на повеќе Лиценцирани Колективни постапувачи, кои имаат активно издадени дозволи за работа од страна на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ, и управуваат со различни текови на отпад.
Recycle.mk е Платформа – мобилна апликација, која представува современ и иновативен систем за управување со отпад, и истовремено создавање на инфраструктурна / информативно еколошка платформа, која е поврзана во форма предвидена со закон, со деловните, човечките, институционалните и еколошките ресурси во Македонската Држава.
Во Македонија до сега, скоро и да не постојат дигитални платформи и апликации кои помагаат во процесот на рециклирање и селектирање на различни видови на отпад.
Целокупната операционализација на проектот recycle.mk претставува уникален под-проект, кој е компатибилен и нераскинлив составен дел од големата слика на доминантниот чадор (Umbrella) проект со име МACEDONIAN ECO HUB како централна точка за координација и унифицирање на сите предвидени активности.
Во еколошки контекст во Македонија, ова конкретно се однесува на таканаречените „чадор-проекти“, кој со своето делување се големи, рамковни проекти кои под своја закрила („чадор“) финансираат и здружуваат повеќе помали локални организации, иницијативи или еко-хабови на национално ниво како и создавање на единствена/централна оперативна платформа, што ги спојува научните институции, владата, невладиниот сектор и бизнисите.
Овој претходно споменат проект МACEDONIAN ECO HUB во своите понатамошни фази на развој, покрај сите останати активности и форми на делување, планира да посвети силен фокус, за да се имплементира и создаде современа форма на организирано, и со закон регулирано вмрежување, на сите правни субјекти кој се активни на ова поле, со своето индивидуално комерцијално делување, а истовремено имаат единствен и легитимен интерес за создавање највисоки стандарди во својата секојдневна деловна активност.
Сите претходно наведени проекти имаат, и се со една единствена крајна цел: да се дојде во позиција на подобрување на условите за работа, во делот на оперативно работење, како и корекции на постоечката законска регулатива, согласно со ЕУ стандардите.
02 Мисија
Мисијата на recycle.mk, е да им овозможи на физичките и правните лица, на целокупно - национално ниво, одговорно, ефикасно и најповолно менаџирање на нивниот отпад, истовремено ставајќи им на располагање алатка со која, за сите неправилности кој ќе ги забележат, да ги информираат државните / општинските институции за постапување, во законска форма.
Платформа recycle.mk e посветена на моделот „3Р“ (Редуцирај, Реупотреби, Рециклирај), и истата ќе биде фокусирана, на едукација и развој на сите правни лица- претпријатија како и физичките лица, кои се инволвирани и работат со отпад кој потекнува од возила, гуми, масла, текстилен, како и други видови на отпад.
Платформата–мобилната апликација recycle.mk претставува за прв пат до сега во Македонија, имплементиран инфраструктурен и целосно заокружен КОНЦЕПТ - ПРОЕКТ : „Дигитализација на циркуларната економија во Македонија“ при што Општата цел (Overall Objective) ќе биде : Унапредување на заштитата на животната средина, преку воспоставување на централизиран инфраструкрурен - дигитален систем, за управување со посебните текови на отпад (масла, гуми, текстил, возила) како и други, со цел една единствена цел : зголемување на стапката/процентот на целокупните постапки за рециклирање во Македонската држава.
Основната цел на целокупната платформа recycle.mk - која е интерактивно и инфраструктурно решение, е насочувањето кон сите сегменти во општеството, за по лесно добивање на правилни, точни и навремени информации, кој се исклучиво поврзани со правилно постапување со отпадот(неговиот транспорт, третман, складирање и финално рециклирање- извоз), и во суштина истата претставува креирање/создавање – градење на инфраструктура која е транспарентно подготвена за соработка со сите заинтересирани страни.
Платформата recycle.mk има потполна национална покриеност на територијата на цалата држава МАКЕДОНИЈА, како и максимална професионалност и транспарентност.
Целта е да им се овозможи на граѓаните, бизнисите и државните институции по лесно да пронајдат локации со валидни координати и контакти за професионално постапување со отпадот (наменски собирни центри), ставајќи акцент на посебните текови на отпад.
Платформата recycle.mk е неопходна за системско и финално решавање на посериозните видови на отпад (масла, гуми, текстил и возила) кој инаку често завршуваат во природата или на диви депонии.
Платформата recycle.mk има сериозна намера, како и не оспорен потенцијал да предизвика сериозно општествено влијание во Македонија, бидејќи истата, не е само обичен веб-сајт/мобилна апликација, туку истовремено претставува извонредна инфраструктурна алатка (која до сега не била овозможена од никого), која ги има сите елементи како да се однесуваме како заедницата кон отпадот.
Основната функција на Платформата како инфраструктрен проект е да служи како мост помеѓу амбициозните ЕУ закони и реалната состојба на терен, претворајќи ги политичките документи во практични решенија за граѓаните во Македонската Држава, како и создавање на позиција за прекинување на институционалната инертност, вклучувајќи ја и Дигитализацијата на еколошките услуги, при што Платформата ќе биде директен одговор во подобрувањето на целокупната состојба.
Со перманентниот инфраструктурен развој на платформата/мобилна апликација, и со нејзино правилно управување (со функционална мапа и едукација), истата ќе претставува столбот на „Зелената револуција“ во Македонија.
Крајната цел – мисија на платформата recycle.mk е да биде рамноправен дел / партнер на глобалниот лидер во секторот, кој што е присутен во 56 држави во глобални рамки, и со 173 годишно постоење, а е тесно специјализиран за управување со ресурси, заштита на животната средина, еколошка трансформација и безбедност на ресурсите, во Регионалната дивизија за Централна и Источна Европа (Central and Eastern Europe Zone) која претставува еден од најдинамичните деловни региони на компанијата Veolia Environnement S.A.
03 Принципи
Делувањето на recycle.mk во своите основни темели ќе ги вгради клучните 6 принципи:
- Имплементација на систем за управување со различни типови на отпад, кој ќе создаде најголеми можно достапни еколошки придобивки, со употреба на минимални економски ресурси и напори.
- Овозможување на реална пресметка на надоместок кој создавачите на отпад треба да го платат.
- Транспарентно работење на целата платформа со имплементација на највисоките професионални стандарди кој се достапни.
- Платформата ќе има рамноправен третман на сите физички и правни лица кој се дел од истата.
- Создавање на искрени партнерски односи со Државните институции, вклучувајќи ги министерствата, локалната самоуправа и сите јавни претпријатија, со една единствена цел : остварување на националните цели за различни текови на отпад на креаторите на платформата.
- Активна вклученост во процесите на сузбивање на било каква форма на вон институционално работење, од било која страна која е вклучена во процесите каде што recycle.mk има своја активна улога.
Платфoрмата recycle.mk со започнување на своето работење како имплементиран - инфраструктурен проект согласно со закон има свои проектирани - Очекувани резултати (Expected Results), и тоа во сегментот - делот каде што ќе се дојде до позиција да се има:
- Функционална и лесно достапна дигитална алатка за сите граѓани во Македонската Држава.
- Намалување на нелегалното депонирање на отпадни возила, масла, текстил, гуми и други видови на отпад во реките и природата.
- Максимално зголемена транспарентност во работењето, на компаниите кој работат со отпад.
- Драстично зголемена транспарентност во работењето, на Државните институции задолжени за оваа сфера.
Платформата recycle.mk е исклучително важна бидејќи нуди интерактивна мапа и централизиран систем во форма на инфраструктура, за управување со специфични видови отпад кои често се занемаруваат во секојдневното рециклирање.
Платформата recycle.mk ја обединува и евидентира организациската структура на различни правни субјекти кој работат во посебни сегменти (различни видови на отпад), и истовремено имаат активна регистрација во МЗЖСПП како активни/регистрирани производители, и претставуват дел од целокупната постапка во управување со различните текови на отпад.
Исто така како дел од целокупната платформа, ќе се најдат и сите правните лица со :
- активно издадени лиценци за транспорт на опасен и неопасен отпад со кој креаторите на платформата имаат деловни релации,
- лиценцираните правни лица кој работат во сегментот на складирање, третман и рециклирање на различни типови на отпад, со кој креаторите на платформата имаат деловни релации,
- различни државни институции, кој имаат по големи или по мали надлежности, за законско постапување во овој сегмент, за кој ќе се смета дека е потребно.
- различни Јавни претпријатија кој активно учествуваат во системот.
- Единици на Локалната самоуправи со активна правна форма за заеднички активности.
Тоа што ја прави оваа платформа клучна и единствена за Македонија, е фокусот на индустриски и специфичен отпад, за разлика од обичните контејнери за пластика, стакло и др., оваа мрежа обединува четири наменски системи:
- МАРЕКО: Специјализиран за автомобилски отпад и целиот циклус на возилата - Возила на крајот на животниот век, ELV (End-of-Life Vehicles).
- ЕКООИЛ: Се фокусира на правилно собирање и третман на отпадни масла, имплементирајќи ги глобално познатите и стандардизирани практики, преку познатиот еколошки концепт 3R (Reduce, Reuse, Recycle – Намали, Повторно употреби, Рециклирај).
- МАТРА: Решение за менаџирање и рециклирање на отпадни гуми, каде што Рециклирањето на гуми (ELT – End of Life Tyres) представува еколошки процес, со кој старите и искористени автомобилски и камионски гуми се претвораат во суровини за нови производи.
- МАТРЕСО: Систем посветен на собирање и селекција на текстилен отпад, при што се влегува во операција на Рециклирање на текстил (Textile recycling) создавајќи процес на обработка и повторно користење на стара облека, ткаенини и индустриски текстилен отпад со цел да се намали количината на ѓубре што завршува на депониите.
- Како и сите дополнително вклучени системи, кој што ќе бидат креирани во периодот пред нас.
Платформата recycle.mk како целокупна и единствана целина/систем претставува современо инфраструктурно-софтверско решение за управување и мониторинг на различни текови на отпад, и правилно постапување со истите вклувајќи ги сите инволвирани субјекти во процесот.
04 Остварувања
Целокупниот проект recycle.mk сериозно ја прифаќа својата обврска и мисија, континуирано да го унапредува своето работење со единствена цел : да го задржи, и подобри сигурното, ефикасното и пред сè квалитетно бизнис-решение за управување со различни текови на отпад.
Во проекцијата на националната платформа recycle.mk е да истата опфати и активно вклучи податоци за над 600 компании, институции, единици на локалната самоуправа, како и државни органи на целата територија на Македонската држава.
Крајните остварувања и финалното спроведување на моделот ќе може да се види во споредувањето на напредниот модел на Recycle.mk со моментално масовно достапните еколошки решенија во Македонија, каде што се забележува јасна разлика во пристапот.
Постоечките системи во државата се главно фрагментирани (секоја компанија собира само свој тип отпад), додека дефиницијата на Recycle.mk предвидува интегрирана, сеопфатна платформа која дигитално ги обединува сите чинители (граѓани, бизниси, институции) под една законска рамка.
Концептот на Recycle.mk има супериорна Функционалност / Опсег во следниве сегменти :
- Опсег на отпад : Универзален: Наменет за паметно управување со повеќе видови на комерцијален, опасен и друг вид на отпад.
- Интеграција на ресурси : Целосна: Ги поврзува граѓаните, бизнисите и институциите во еден усогласен законски синџир.
- Инфраструктура : Иновативна дигитална мрежа: Информативна еколошка платформа за следење на ресурсите.
- Законска усогласеност : Формално поврзана и дизајнирана според националните еколошки закони.
Клучни предности кои Recycle.mk би ги донел на пазарот :
- Решавање на проблемот со неформалниот сектор: Додека во Македонија огромен процент од на отпадот од возила, масло, текстил, гуми и др., сè уште се собира неформално на терен, платформа како Recycle.mk нуди институционализиран и законски усогласен модел за сите граѓани и компании.
- Централизирани информации: Наместо граѓаните да пребаруваат посебни локации за отпадот од возила, масло, текстил, гуми и др, оваа платформа делува како единствен дигитален еколошки центар.
- Поттик за деловниот сектор: Овозможува посилно вклучување на компаниите кои сакаат да ги исполнат своите законски обврски за управување со отпад преку транспарентен софтвер.
Претходно наведените формулации ја дефинираат суштината на Recycle.mk како стратешки и пионерски проект во државата. Ваквиот пристап го менува досегашниот пасивен модел на менаџирање со отпадот и за прв пат воведува сеопфатна рамка за дигитализација на циркуларната економија, и истовремено Проектот директно ги таргетира најкритичните точки во македонскиот еколошки сектор.
Целокупната платформа е исклучително иновативна за Македонија од следниве причини :
- Трансформација од Линеарна во Циркуларна економија: Наместо моделот „купи–искористи–фрли“, Recycle.mk овозможува суровините од посебните текови на отпад веднаш да се вратат во индустрискиот процес како секундарни суровини.
- Дигитална транспарентност и податоци (Data-driven): Еден од најголемите проблеми во Македонија е недостигот на точна статистика за создадениот отпад. Централизираниот систем овозможува институциите да имаат увид во реално време за тоа колку отпад е собран, каде е лоциран и колку е рециклиран.
- Правна усогласеност со ЕУ регулативите: Овој проект ја подготвува државата за исполнување на строгите поглавја поврзани со Зелената агенда за Западен Балкан и директивите за управување со посебни текови на отпад.
05 Менаџмент
Позицијата на целиот проект recycle.mk кој е започнат во 2023 година, а неговата имплементација е финално Реализирана на 23.05.2026, е да биде создaдена функционална алатка од отворен тип, која претставува активен проект, кој во процесот на своето создавање, беше исклучително комплексна операција, со различни елементи за нејзиното оперативно постоење, која е за прв пат креирана во Македонија.
Целиот проект recycle.mk е поделен во повеќе сегменти, полиња на делување, специфични истражувања на пазарот, законска регулатива, и истите сегменти беа секојдневни активности од 2023 година до денес, при што секоја област во проектот, засебно и поодделно ја имаат својата специфична одговорност, функција и обврска.
-
За сите современи ИТ решенија, нивна имплементација како и за усогласување со најнапредните дигитално безбедносни стандарди (сајбер-безбедност), Дигитална усогласеност, ИТ политики, Мапирање на ризик, како и перманентно надградување на пакетите за напредна заштита на целиот проект, имплементирајќи ги трите нај нови столба на глобално ниво за заштита:
- Hubgrade со напредна заштита имплементираjќи силни системи за енкрипција - заштитни ѕидови (Web Application Firewalls),
- Намалување на ризикот преку Cloud-уреди: Како дел од глобалниот проект за безбедност воведени се „cloud-native“ уреди (како Chromebooks) кои работат во изолирани околини (sandboxing) и имаат вградена заштита од вируси.
- Автоматизирано управување со ИТ средства - Преку напредни системи за инвентар (како ALVAO) и прецизен преглед на сите компјутери и сервери во своето портфолио и неговата околина,
е задолжен целокупниот тим, кој е составен од искусни професионалци, во Kaspera IT Shield Platform од Скопје, предводен од Главениот директор за безбедност на информации (CISO - Chief Information Security Officer) - Дарко Мицкоски.
-
За сите прашања поврзани со имплементација за законската регулатива, како и комуникација со сите правни лица и институции со кој платформата има остварено соработка, вклучувајќи го и МЖСПП, одговорно лице на целиот проект recycle.mk е Главениот директор за имплементација на законски постапки со вклучена меѓународна извршна позиција, односно Главен директор за усогласеност со прописи (CCO - Chief Compliance Officer) - Панче Анѓелов.
-
За целокупната архитектура, на правната структура на recycle.mk, сите прашања за заштита на личните податоци како и правна помош на целокупниот проект, негова целокупна законитост, Управување со правен ризик од сајбер напади, Имплементација на регулативи (NIS 2 и Законот за сајбер безбедност), Управување со инциденти (Incident Response), Преглед на договори со ИТ добавувачи /„cloud“ сервиси, за целосно осигурување дека е гарантирано соодветното ниво на дигитална заштита, и компензација при штета, е задолжен Главниот директор за законска постапка / Главен правен директор (CLO - Chief Legal Officer) Христина Блажевска од Адвокатската канцеларија на Адвокат Христина Блажевска од Скопје.
-
Книговодствените, финансиските и сметководствените операции на целата платформа се задолжение на БОРГЕЛ Скопје, правно лице кое е лиценцирана сметководствена компанија од Скопје, со долга традиција и повеќе од 30 години искуство во областа, вклучувајќи го даночниот и финансискиот консалтинг со одговорно лице Борче Ѓелевски - Финансов директор (Outsourced CFO) на recycle.mk.
-
За сите теми поврзани со управување со отпад, кружна економија во соработка со невладиниот сектор, комуникација со ЕЛС на територијата на целата држава, а е поврзано со практичната примена на Законот за управување со отпад и Законот за животна средина (Implementing Regulation), одговорно лице на платформата е Директорот за имплементација на законска регулатива (Director of Regulatory Affairs) м-р Александра Димитриевска Аврамовска, како надворешен експерт.